Monday, April 23, 2012

За ловците на мамути

Чешка Република основни податоци


Чешката Република или скратено, но неофицијално, Чешка (чешки: Česká republika, ČR, Česko) или многу ретко Чехија е земја без излез на море, која се наоѓа во Централна Европа. Републиката граничи со Полска на север, Германија на северозапад и запад, Австрија на југ и Словачка на исток. Прага (чешки: Praha), е голема туристичка атракција, главен град на Чешка и нејзин најнаселен град. Чешка се состои од три историски региони: Бохемија (чешки: Čechy), Моравија (чешки: Morava) и Шлезија (чешки: Slezsko), ова тројство е присутно и на државниот грб. Членка е на НАТО, а од 1 мај, 2004, и на Европската Унија.
Чесите немаат постигнато консензус како да се вика официјално нивната држава - предлогот за скратување на нејзиното име во Чешка, или Чехија од страна на министерството за надворешни работи во 1993 не е прифатено од пошироката јавност, и останува нејзиното официјално име - Чешка Република.
Територијата на денешна Чешка била населувана уште од најстари времиња. Според археолошките истражувања, на овие простори постоел живот уште пред 28.000 години п.н.е. Во 3 век п.н.е. Чешка била населена до келти, а од 1 век германските племиња.
Во текот на 5 век и 6 век, на територијата на денешна Чешка се населиле словенските племиња. Во предсловенското населување, на оваа територија постоело кнежеството Нитра, кое заедно со Моравија ја сочинувале т.н. Велика Моравија. Таа држава во текот на 9 век го достигнал својот Златен век, во времето на Ротислав I. Во почетокот на 10 век за прв пат била создадена чешката држава. Во 12 век Чешка станала кралство во составот на Светата Римска империја.
Важни периоди од историјата на Чешка се националното ослободително движење и антикатоличкото движење во првата половина на 15 век. Во 1526 година, Чешка била вклучена во составот на Хабсбуршката империја, како автономна област. Чешка во 1867 година била вклучена во составот на Австро-Унгарија, а по распаѓањето на Австро-Унгарија во 1918 година Чешка се соединила со Словачка образувајќи ја Чехословачка.
Во почетокот на 1939 година, Нацистичка Германија ја окупирала Чешка создавајќи ги Бохемија и Моравија. На 9 мај 1945 година, Црвената армија ја окупирала Чешка, и по војната повторно била создадена Чехословачка.
Чехословачка била создадена во октомври 1918 година, односно по завршувањето на Првата светска војна, на територијата која дотогаш се простирала Австро-Унгарија. Во денешно време, се наоѓаат Чешката република и Словачката република, како и Закарпатската област во денешна Украина. Чекословачка била една од најмногу развиените земји во Европа поради фактот што во времето на Австро-Унгарија, на нејзината теритирија се наоѓал најразвиениот индустриски регион, а со тоа имала и добра економија. Oд нејзиното создавање се до Втората светска војна, Чехословачка била демократска земја. Како еден од најголемите проблеми во земјата бил етничкиот проблем. Тоа се должило на фактот бидејќи втора и трета по големина етническа група била германците и словаците кои не биле задоволни од политичкото господство на чесите. Освен тоа, повеќе од етничките германци и унгарци во Чехословачка никогаш не ја признавале оваа нова држава.
Во периодот на Втората Светска војна, Чехословачка паднала во рацете на нацистичка Германија. По Минхенската конференција во 1938, хитлеровите војски ги окупирале граничните германски етнички региони во Бохемија и Моравија, Унгарија добила територии кои биле населени со унгарци во Јужна Словачка, а останатите територии на Словачка и областа Рутенија (Закарпатска област) добила статус на автономија. Чехословачка престанала да постои во март 1939, кога Хитлер го окупирал и остатокот од Бохемија и Словачка била принудена да прогласи независност.
Во текот на војната Бохемија и Моравија се биле раководени од страна на Германија, а новата словачка држава станала сојузник на нацистичка Германија. Словачките војски се бореле против руските се до 1944 година кога се обрнале против власта. Ова востание било задушено по неколку месеци од страна на Германија.
По завршувањето на Втората Светска војна, Чехословачка била повторно формирана сите германци биле прогонети од државата, а Закарпатска област била окупирана и покасно пресоединета кон СССР. Три години покасно Чехословачката комунистичка партија (ЧКП) ја зазела власта (1948-1989) по парламентарните избори, и државата паднала под влијание на СССР. Во религиозен поглед, атеизмот бил официјален во државата. Во 1969 Чехословачка била преобразувана во федерација која се состоела од Чешката социјалистичка република и Словачка социјалистичка република.
Во 1989 година во Чехословачка повторно бил воспоставена демократијата. Со паѓањето на комунизмот, во државата повторно се појавил предлог за промена на името на државата во Чехословачка република. Во април 1990 година овој предлог бил отфрлен од страна на словачките политичари, бидејќи според нив тоа име недоволно ја изразувала застапеноста на словаците во федерацијата. Подоцна се стигнало до компромис државата да се вика Чешка и Словачка федеративна република. Но во 1992 година, парламентот на федерацијата решил таа да биде разделена на два дела од 1 јануари 1993 година на Чешка и Словачка, каква е и до ден денес.
По падот на комунизмот од 1989 година, во 1993 година Чехословачка се распаднала на Чешка и Словачка и од тоа време, Чешка е суверена држава. Во 1999 година била примена во НАТО пактот, а од 1 мај 2004 година во ЕУ.

 Чешка, заедно со Естонија, е една од најмалку религиозните популации во цела Европа. Според пописот од 2001 година, 59% од земјата се агностици, атеисти или нерелигиозни, 26,8% се Римокатолици и 2.5% се протестанти.[2]

Според најновите податоци на Евробарометар од 2005, [3] 19% од Чешките граѓаните одговориле дека "тие веруваат дека постои Бог" (втора најниска стапка меѓу земјите на Европската Унија по Естонија со 16%),