Wednesday, May 9, 2012

За Чех



Од памтивек  зад Татрите па по рамнините сè до реката Висла, се протегала харватската земја, првата  татковина на Словените.                                                                                                       Во таа харватска земја живееле бројни племиња, сродни по јазик,навики и начин на живеење. Но се случило меѓу нив да настанат недоразбирања и крвави борби за граници и за села. Се кренал род над род, роднини се бореле против роднини и се уништувале меѓусебно. 
Во тоа време двајца браќа од моќно племе,и двајцата војводи, Чех и Лех, се изјасниле едногласно дека ќе ја напуштат родната земја, која била несреќна од  војни. Си проговориле:  ,, Ќе си побараме нови живеалишта за нас, каде што нашиот род ќе живее спокојно и ќе и се посвети на работата.”
Уште во земјата на своите предци биле трудољубиви и работливи, саделе разновидни видови на житарки и одгледувале коњи и стада овци и говеда. 
Како  што кажале, така и сториле. Го свикале своето племе, им принесле жртви на боговите, ги земале со себе дедовите слики, се збогувале со татковата земја, и се упатиле на  запад кон непознатите краеви. И така тргнале племе по племе, сите бројни семејства, пријатели и роднини.Напред оделе извидници и  наоружани мажи, насредина војводата Чех со сива брада но здрав и силен, неговиот брат Лех а околу нив владетелите и поглаварите на племињата сите на коњи. А по нив старците, жените и децата на запрежни коли, па коњите, потоа стадата со добиток и на крајот повторно вооружени мажи.
И таму беа нашле населби, каде што жителите говорат јазик сличен на нивниот, исто така и во областите покрај реката Елба.
Откако ја преминале оваа втора река, била пуста област на која се наоѓале мал број на населби. Тие биле многу различни од нивните жители, со странски јазик, облечени во кожи, малубројни,  но смело и безстрашно им стоеле на патот со оружје во рацете. Чех и Лех и нивните луѓе ги победиле, ги уништиле нивните сиромашни живеалишта од колиби и од ископани јами, и напредувале, од шума во шума.
Тежок бил патот низ длабоките шуми, тешко било да се оди низ полињата и мочуриштата, прекриени со трски, шамаци, обраснати со купчиња со мов и разни грмушки. Во вечерите палеле огнови кои гореле до изгрејсонце, а нивниот пламен и светлоста која паѓала во шумскиот мрак ги плашела  лукавите и жестоки ѕверови.
Така дошле до третата поголема река, реката Влтава која диво течела; откако и оваа река ја совладале, целото племе почнало да се разочарува дека ова тешко патување нема крај и  дека никаде нема трајно да се населат.
Тука војводата Чех покажал кон една висока планина која се синеела над  отворената и широка рамнина и рекол:
,, Ќе се упатиме во подножјето на таа планина каде децата и животните ќе ги одмориме.‘‘  Стигнале и се улогориле во подножјето на таа планина, која ја нарекле Ржип.Војводите  и старешините на племињата откако ја обиколиле и ја разгледале околната земја, утврдиле дека е плодна. Утрото уште во зорите се пробудил Чех и самиот се упатил кон врвот на планината Ржип низ тивката шума сеуште полна со ноќна темнина.
Откако тој се искачил на планината веќе се разденило; наеднаш пред него се појавила земја која се протегала до безкрајна далечина се до сините планини и која била рамна и ненаселена, со шуми,ливади и полиња. Полна со зеленило а нејзините реки блескаа како разлеано сребро. Се израдувал Чех за прекрасната земја и помислил, со волја на боговите оваа земја да биде за неговото племе и идните поколенија. Откако се вратил тој ги известил за тоа што го видел. Утредента многумина се упатиле околу планината, со цел да се запознаат со околината.
Се што виделе им изгледало дека  водите биле полни со риби, почвата била плодна, во секоја смисла и објавиле дека е погодна за населување.Третиот ден пак откако сонцето се појавило над шумата, Чех го повикал својот брат и старешините и им наредил да го повикаат целото племе.Отишол со нив на местото од каде што се гледал целиот крај и им се обратил со зборовите:
„Веќе немора да се грижите, бидејќи најдовме земја што ќе ја населиме и на неа ќе изградиме живеалишта.Често за неа ви говорев и ви ветив дека еден ден ќе ве поведам до неа. Таа е ветена земја, која е полна со животни и птици, и каде тече мед. Ќе имате изобилство од се, и ќе ни служи како добра одбрана од непријателите. Еве земја по ваша волја! Само што нема име;размислете како треба да ја наречиме,со кое име.‘‘
„ Вашето! Нека го носи вашето име!“  извикнал со божествено вдахование еден старец со долга бела брада, најстар од сите поглавари. Наеднаш и сите поглавари и народот, извикнувале во еден глас:
„Вашето! Вашето име!“
„Нека се именува по Вас!“
Војводата  Чех се израдувал од волјата на неговиот народ, клекнал на колена и почнал да ја бакнува земјата, новата сопственост на својот род. Одкако ја бакнал, се исправил и ги подигнал своите раце кон широкиот крај, трогнато викал и благословувал:
„Те поздравувам света земјо, на нас ветена! Чувај не нас здрави, чувај не од несреќи и намножине од генерација во генерација засекогаш!“
Старецот радосно застанал на земјата,  во белата облека што ја носел од првата земја, и разпалил голем оган. Од благодарност принесле жртви, ги благословиле истите и сите се радувале.
           
II.
Потоа пак се започнало со тешка и напорна работа. Кога ја поделиле земјата, почнале да ја обработуваат. Каде што имало шума ја исекле или изгореле со оган, полјаните искорениле, ливадите и нивите раскопале, и втората година ги изорале со рало.
Во тие мигови исто така си изградиле и живеалишта, дрвени куќарки со сламени покриви.

Секое племе си градело живеалиште на своја земја.                                                                      

Градините,полињата и ливадите биле на селото, заедничка сопственост на сите членови на тоа племе, додека пак шумите, пасиштата, реките и езерата биле на заедницата. Колку на селата толку на племето.                                                                                                                    

Живеалишта со плевни и  со штали, колиби со дворови кои биле заградени со огради плетени од прачки или направени од дрва, кои го окружуваа живеалиштето.Како што растеле од година во година посевите околу населбите и така од година во година се зголемувала и жетвата. Жито, пченица, јачмен, овес и просо густо се таласеле низ широките полиња. Над нив јасно се зеленееле насадите со мек лен и високиот коноп до лединките полни со шарени афионски цветови.
Од полињата и липовите шуми се слушаше зуењето на пчелите, кои освен во шумските кошници се криеле и во сламените улишта или во пењушките од старите дрвја. Секоја година се повеќе се зголемуваа стадата со овци и говеда а во коњските заградени пасишта во селата ждребињата се бркаа и убаво си пасеа.
Избраниот водич раководел со сите со племето и со својата сопственост. Во името на племето ги почнувал и ги завршувал молитвите, принесувал жртви, ги поздравувал гостите,  судел  и им доделувал работа на поколенијата. Секој имал своја задача, секој имал свое место(работа).Жените се грижеле за домаќинството, пределе, правеле платно и лен, шиеле облека и фустани,прекривки, машки и женски сукни, ракавици, капути, кожи и крзна.
 Мажите ги паселе стадата, ги бранеле од дивите ѕверови, работеле на полињата, во шумите ги бркале дивите ѕверови и ги фаќале и ловеле, со лакови и со стрели, копја, стапици и јами и најмногу ги ловеле волците, најголемите штетници на стадата.
Живо и раздвижено било и во селата и околу нив. Од пасиштата одекнувал звук од свирчина или од долгите овчарски труби, на полињата, на ливадите и во градините се твореле песни од младите поколенија. Единствено на пладне во моментите на длабока тишина никој надвор не пеел, тогаш излегувале пладневните вештерки облечени во бело како светли сенки помеѓу полињата  уништувајќи ги човековите живеалишта и нечуваните деца, некогаш се појавувале и  диви, грди жени со големи глави и шашави очи и им испраќале на луѓето диви крикови, а некогаш се појавувале шармантни шумски девојки со златна коса и венчина на главата, облечени во бела облека. Од нив се плашеле, и од самовилите што успивале, ваделе очи, и залутаните души во синкастиот вимпел на барите и мочуриштата, а страв ги поминувале  и езерата и шумските вирови, каде што во сенките на старите дрва и грмушки демнел виленикот, менувајќи си го ликот, и каде што бледите  девојки облечени во зелена облека  ве заведувале во водната пропаст.
Но најмногу се плашеле од Перун, од богот на грмотевицата,од неговите молњи, „Божји гласник“, и од останатите моќни демони, кои го потчинувале човековото тело, неговите коски, и го замрачувале разумот. Ги молеле, и на пролет им принесувале  дарови, црни кокошки или гулаби, им принесувале жртви, особено за богот Велес, за да ги штити нивните стада од чума и да ги благослови.
Широко било во кругот на селата. Тука заштитувале домашните богови, духовите од предците чии што слики стоеле на свето место покрај огништето. И закачливото џуџе, малото божество со остри нокти на рацете и нозете, носело среќа во куќата, и елфот кој го чувал имотот, го пазел добитокот и го хранел, но на челадта и го расипувал сонот.
А додека лежела под печката или под прагот куќната змија, стариот господар,  немало да ве напушти среќата и благословот.
Кога на есен ќе почнеле да паѓаат лисјата и кога маглата ќе се спуштела врз целиот реон, и кога земјата ќе замрзнела и целиот крај ќе бил прекриен со снег, тогаш семејствата се збирале во пространите салони со сводести тавани, и со затворени прозори.
Голема камена печка ги греела, а пламенот од огнот ги осветлувал. Неговиот црвен сјај се разбранувал по ѕидовите, на кои виселе штитови обложени во црни кожи, стапици, лакови, дрвени стрели во футроли, кратки мечеви, големи копја и  тежки камени боздогани, и каде што еленските рогови и роговите од бизоните фрлале врз ѕидовите криви сенки.
Во отсјајот од таа светлина жените пределе, а мажите ги поправале алатите за работа, го подготвувале оружјето или по напорниот лов се одмарале. А кажувале и разни говори и стари песни. Ловците разкажувале за борбите со мечките и бизоните, или за дивите и влакнести мажи  кои невидливо ги воделе преку маѓепсан корени кон пустите шуми и мочуришта, и дека од тие гори многу заведени ловци не се вратиле.
 А на старецот со бела коса и бела брада му летале мислите до даличните краеви на првата татковина, се присеќавале на неслогата и на првите битки, на храбрите херои, на моќниот војвода, како тој се подигнал на полноќ пред битката, ја напуштил војската и почнал да завива како волк и волкот му возвратил со завивање по што и другите волци почнале да завиваат.       Се зборувало и за чудните привиденија и визии за темните  ноќи, во клата, на лединките, низ широките полиња и шумските чистини, за огнените змејови кои се појавувале во темната ноќ, за лошата вештерка која ги штитела живата и мртвата вода , за белите наречници кои се појавувале над лулките од новороденчињата, за волшебничките, за добрите и лошите знаци, и со свет ужас ги ислушале сите мистериозни пророштва на родот и племето.
Откако огнот ќе се изгаснел си легнувале во креветите постелени со кожи, нарушувајќи  го селото со молитва кон претците .Нивните добри духови грижливо ги чувале своите потомци. Живеела и цутела крвната поврзаност, семејната љубов до кое и да е поколение , поврзувајќи ги живите со мртвите, поминувајќи го времето со тие, кое веќе одамна ги одминало.  Ограденото и утврдено село, изгубено во снегот, се стишувало во пустата ноќ. Само претпазливиот лаеж на кучињата одекнувал во далечината, секогаш кога ќе почувствувале мирис на волк со светли зелени очи, што поминувал. Или кога од реката, видрата ќе писнела со краток крик.
Во тоа време на снегови и мразови, на долги зајдисонца и ноќи владеела Моржена, се додека богот на сонцето не почнел се подолго, пољубезно и потопло да се огледува кон лицето на земјата. Тогаш и водата се ослободувала од своите ледени окови. Се веселело во сите села и во сите племиња. Со песна се упатувале кон водата,  кон слободните потоци и реки, и во нив ја фрлале сликата на зимата и смртта и весело ја повикувале Весна, љубезната божица на пролетта. Кога сонцето се искачувало највисоко во хоризонтот, и кога ги осветлувало изртените земјоделски насади по широките полиња а во ливадите бујните цветови, насекаде се прославувало светото време на долгоденицата. Ноќта пред најдолгиот ден за нив била чудотворна.Цветовите попрскани со роса ја добивале магичната моќ,предвидувачки и исцелувачки ги заштитувале како див пелин, како мајка на сите зачини, пред гневот од демоните и злите духови, особено во моќните и таинствени ноќи,и од волшебничките,кои ги преплавувале  ридовите и мрачните дувла. А во темнината на тие ноќи, блескале од брдата и ридовите големи огнови.  Нивните зраци пламтеа до далечината од каде стигнувале песните на девојките, овенчани со венчина невести, а околу нив закрепнувачката и огромна моќ на божјото сонце, која што давала љубов. Во летната долгоденица жнееле, па настапувала ладната есен, па потоа доаѓало времето на зимата. Годините минувале една по друга. Племето се множело и се зголемувал Чеховиот род. Големата репутација привлекувала кај нив нови народи од претходната татковина. Па така веќе населените краишта не биле доволни за сите племиња.  И родовите се разгранувале, племињата  напредувале се повеќе и подалеку, на различни страни, на полноќ и на пладне, на исток и запад, по должините на реките и планините, и граделе нови живеалишта. Замоци и тврдини се граделе за престол на главатарите и водачите, за одбрана на границите и заштита на сите, едноставно да има каде да се скријат жените, старците и децата и каде да се соберат стадата, кога непријателот ќе ја нападнел земјата. Тврдините ги правеле на речни острови или во полињата меѓу шумите,меѓу  водите и мочуриштата, за да не води до нив пат, освен низ тесните прооди. Околу тврдината граделе високи круглести ѕидови, често пати тројно дупли, а на аглите се граделе масивни разгледни од дебели трупци со кабини високо на нив и во портите.
Но помладиот брат на Чех истотака војсководец  Лех, имајќи големо племе, одлучил да оди кон исток. Војводата Чех и останатите  безрадосно го ослободиле, откако со своја волја објавил и побарал дозвола да замине. Пријателски со него се благословиле и го замолиле да не заминува далеку од нив, бидејќки доколку врз нив се закани непријателска опасност на нив како на свој род на помош да му се најде.  И Лех се обратил кон нив:
„О мои мили браќа, синови и мажи на чешката земја! Несакам да заминам далеку од тука за да можам и јас да слушам за вас и вие за мене. Ќе ве исвестам за да знаете во кои краишта ќе се задомиме. Откако ќе заминеме по три дена качете се на Ржип, откако деницата ќе се појави. Во тие моменти јас ќе запалам голем оган во шумата, каде што ќе го видите пламенот од огнот и чадот, знајте таму е моето живеалиште.
Откако пак на речениот ден пред зората се качиле на врвот на планината Ржип и наоколу се разгледале, меѓу исток и пладне забележале во магливата далечина црвен наплив, како продира густа светлина, прелеана по небото.Кога се разденило виделе на таа страна темен чад под светлото небо, чад на немирен оган, кој што го запалиле војводата и неговите потомци. На тоа место запрел Лех и таму почнал да гради тврдина, која ја заградиле со големи ѕидини и поради чадот ја нарекле Кужим.
III

Поминале скоро 30 години од времето кога војводата Чех стигнал во чешката земја. И кога го стигнала и осумдесет и шестата година старецот, се избројале неговите дни и умрел.  Го припремиле за погребен обред, и сите го оплакувале како свој татко и му говореле:
„ Ти беше наш војвода и татко, ти не донесе во овие краишта, ти беше верен и справедлив кон твоите потомци и твојот род. Ох, тешки маки, кој сега нас ќе не води и ќе не чува!“                    

Немало човек кој не жалел за неговата смрт. Неговата душа заминала во рајот, така верувале, до краевите на вечната пролет,каде ќе продолжела да живее со таа почит, со тоа достоинство, и во своето покојство да живеел меѓу своите на земјата. Неговото тело го облекле во нова облека, во цилијарен мантил, во сукна опашена со широк каиш, со блескави метални орнаменти и во обоени обувки. На главата со бела коса и бела брада му ставиле скапа соболова шапка.
Така го однесле и го поставиле пред вечерта на високата дрвена клада одозгора покриена со обрабени прекривки, во шумата која темнеела од крошните липи и дабови, близу до тројната  крстосница за спокојство на душите. Тогаш принесле медовина, овошје и зачини и билки и ги ставиле до него. Исто така принесле векна леб, месо и лук и го ставиле пред него, го донесле и оружјето, копјето, мечот, боздоганот и црниот штит и го положиле по неговите страни. Откако пак заклале петел и кокошка и го фрлиле на кладата дошол најблискиот роднина на војводата, запалил едно парче дрво и држејки го во десната рака се упатил кон кладата. Додека да ја запали ја имал својата лева рака на грбот. Кога пак се разгореле дрвата се приближиле и другите членови  со огнени фаќели кои ги фрлале кон кладата. И кога задувал силен ветер високо се разпламнале пламените јазици  и чадот се воздигнувал во височините, кога во него се прикажа убавата фигурата на мртвиот војвода кој за последен пат стоел пред својот народ. А околу него плачеле и кукале а жените пееле тажачки песни. Кога догорел, ја собрале пепелта и ја ставиле во ќуп, и заедно со орушјето ја погребале, и врз гробот ја ставиле надгробната плоча, висок и округол споменик. Кога пак се враќале од погребот  низ темната шума во мракот, збирале камења и листови од на земјата и ги фрлале зад нив без притоа никој да не се врти назад.
Тој гроб и споменик го посетувале уште многу години, таму плачеле и се поклонувале, благославувајќи си го војводата. А неговото име се пренесувало од генерација на генерација.          

No comments:

Post a Comment