Friday, May 4, 2012

Хашек и “војводата македонски“ Јан Климеш

(преведениот текст не е официјален)

Во CV-то на Хашек многу факти имаат фиктивен карактер. Фантазијата допира толку длабоко до неговиот живот, така што и до денеска не знаеме  што воопшто да мислиме за него. Дали се работи за невера, лага, или шега и мистификација?  Да се разликува фактот од фикцијата(измислеток) е некогаш многу тешко, дури невозможно.
Меѓу таквите измислетоци например припаѓа и тврдењето дека бил абсолвент  на Експортната академија во Виена.Таа индикација се повторува во неколку документи во значително одделни временски периоди: во CV-то од 1907 година (поднесено со барањето за местото директор во Народната библиотека Др. Режник), и во таканаречениот Анкетен лист, кој го пополнувал пред заминувањето од Москва во 1920 година. Во вербата во ‘‘правдата‘‘  во неговото дело Хашек бил необично упорен: за своите тврдења ја убедил например и неговата сопруга Јармила.- Во ц.к. конзулската академија во Виена се разбира дека небило најдено името на Хашек а небил ни запишан таму никогаш.( Врз основа на се тој ја посетил Виена само еднаш, во време на своите ‘‘апостолски и мисионерски патувања‘‘. Поминал од тука само со возот при патувањето до Брух над Литава).
Во неговото СИ-ВИ се откриваат различни знаци. Јарослав имал намера да влезе на служба во конзулатот во Русија или во некоја од соседните земји на монархијата. Како да ја објасни оваа постапка? Зошто упорно си лепел свои тврдења? Сакал да се пофали со дипломирањето на престижен европски институт?Или пак ја криел горчината со тоа,дека студирањето на институтот  каде била потребна солидна кауција (партиципација), било за него однапред исклучено?
Постои и друго коло  на мислења и претпоставки,кои се однесуваат на неговите погледи  за историјата и социјалноста ( социјализмот). Токму во политиката бил Хашек велемајстор на мистификацијата. Никој незнаел кого тој поддржува и што навистина мисли.На крај си важно дозволувал, неговите мислења и ставови да се нерешливи ребуси. Кои се причините за овие Хашкови тајни?   
Воглавно  се состои од неговото разочарување од анархизмот, од неговиот безгрешен радикализам. Каде треба младиот човек да ја бара поддршката во својот морален идеализам,во својата тотална негација  ‘‘татковци на светот‘‘, кога секоја реална идеологија исчезнува? На крајот Хашек доживеал тотална несреќа од тоа во што од самиот почеток верувал, идејата за директна акција која го определува начинот и соодносот. Таа банкротирала во форма на крадење и експроприација.
Разочарувањето ги продлабочило Хашковиот скептицизам, душевната депресија во чувство на безнадежност.Во тој момент Хашек прераснува во критичар на тогашното време и политика, и тоа врвен и апсолутен критичар. Напаѓа,клевети, се исмејува на посотечките вредности и институции со сарказам и иронија до безкрај.
Храброста и директноста во неговата природа е сеуште восхитувачка. Негледа никого, ништо не остава на мира и ништо не чувствува за свето. Не само државните авторитети и симболи на Австрија , туку и ‘‘сопствените‘‘ идолите на Чешкиот народ. За се само подсмев и шега. Тоа беше црв на омраза, кој гризи во Хашковиот темперамент?
Длабоката скептичност и разочарување од анархизмот ја продлабочил недовербата во теоријата и идеологијата воопшто. Индивидуалните ставови и мислења од тоа време се главно лично мислење.Нема веќе доверба во никаква опција и движење, се крепи на сопствената моќ... Позицијата на осамен ‘‘ Дон Кихот‘‘ ја крие преку гурманската ,мистификативна маска.Маската е сигурна заштита од нападите на непријателот. Што доколку не го сваќаат вистински. Така од Хашек се создаде комичен Еншпиглем и духовит немирник на забавите во крчмите. Малку ироничната,добронамерна насмевка го крие ‘‘циничкиот‘‘ сарказам на својата сатира, мистериозните мистификации придонесуваат  за генерални забави а е обожаван бидејќи, некои го нарекуваат ‘‘Сфингата на гостилничарската маса‘‘.
Никој не се пронашол во него, никој не се снајде да го разбере. И најдобрите пријатели се прашуваа во несигурност, што се крие за таа маска. Гурманската заедница секогаш ги изненадува  неочекуваните идеи и фрази. Како да сакал својот углед, со својот гурмански ‘‘мит‘‘,  да ги компензира навредите и неразбраната литература. Друга посебна мистификација се неговите чудни познавства и пријатели.
Меѓу најинтересните припаѓа ‘‘војводата Македонски‘‘ Климеш. Со Хашек се запознале во малата крчма на Бетлемскиот плоштад, спроти античката дестилерија Во Халанка, кое се викала Во Цмиралу или истотака Монако. Таму доаѓале скулпторите Коциан и Рејнхард, писателот Остен, сликарите Улман и Строф, и на клавир многу често свирел композиторот  на соколскиот марш Карел Поспишил таканаречен ‘‘Прашкиот Офенбах‘‘. Во тоа друштво седел и крупен, виток човек со црна брада. На половината завиткан со шарен турски шал, на кој висел пиштол и кама, така да неговиот изглед будел ‘‘гаден‘‘ впечаток. Сите се чуделе дека полицијата му дозволувала да се движи така. Тој маж бил славната ‘‘Балканска гордост‘‘ Јан Климеш. Јарослав пак одел кај него во неговиот стан  кај госпоѓа Отченашкова на улица Коруни број 39 заедно со Јарослав Кубин, браќата Маркови, Опоченски и другите гурмани. Таму внимателно договарале и заеднички ‘‘Балкански‘‘ бизнис.
Не се работи тука за смешногорда фигура, која Хашек во рамките на хумористичната мистификација ја портретирал во Партија на умерен напредок во рамките на законот. Јан Климеш бил вистинска личности и се чинело доста сигурна. Во 1903 година излегува Светозор во серија за Организацијата и животот на Македонските востаници. Се работело за актуелна тема, која се однесувала и за политиката на европските велесили. Турското владеење на балканот било прекинато ‘‘нарушено‘‘ од страна на македонските селани. Била ветена Руска помош, Бугарија ослободила премин на чети со доброволци. Востаничкиот комитет се сместил во Софија. Со поддршка на бугарската влада  и жандармеријата под Витоша се формирале на чети ‘‘комити‘‘ и беа пратени на Турска територија.
За Чешката јавност помошта за балканското востание претставувала симбол на словенскиот реципроцитет. Но не само тоа. Турското угнетување на јужните словени можело да се спореди со околностите во Австрија. Настанало време кога и кај нас ќе се дигне револуционерниот бран? ‘‘Ако победиме тука ќе им помогнеме на Чесите за нивната слобода ќе се бориме за неа и со нив‘‘, изјавува руски капетан според авторот на горенаведените статии. Не е потребно да се додаде дека автор на тој член во Светозор небил никој друг освен – Јан Климеш.
Се работело за смртно сериозна работа. Македонското прашање влезе во историјата и го поткопа јавното мислење. Народно социјалниот  заменик Клофач патува на балканот со цел да се запознае со ситоацијата на самото место. За својата мисија  исто така дава извештај во Светозор со назив: Од моите спомени на патувањата низ Балканот. Така си спомнува и за Климеш. Останал таму иако само кратко,  најмногу во Рилскиот манастир во близина на Софија, но тоа не сметало за да не ја склопи својата репортажа:‘‘ Ние дома едвај се осмелуваме  заедно со кригла пиво да се пожалиме, да поштрајкуваме и да удриме со тупаниц по масата. Цинизмот се преселува во нашите души. Што ги величеше мислите на нашите дедовци, многу Чешки душички веќе смешни...‘‘
Балканското востание според Клофач би требало да го воскресне ослабениот чешки дух кон  херојски дела. Лојалноста кон словенските идеали, револуционерниот ентузијазам, на една страна, а на друга страна ‘‘пиварскиот‘‘ менталитет на Чешките души. Задолжително е да се разбуди  и оживее згаснатата возбуда, потребно е да му се даде на народот нов ‘‘херој‘‘. А народно-социјалниот заменик го нашол истиот во Јан Климеш.‘‘Со месеци меѓу востаниците има и еден нашинец, чешки работник. Му ги посветуваме овие редови нему. Пред неколку дена ни напиша. Го придружувавме Карапајев со четата ( еден од легендарните водачи на востаничките чети ), ни ги кажува своите првични впечатоци. Листи и мачеништво, на кој Малешевските изданија се ризик за бугарските селани. Во овој момент е во поход кон четата на Сарафов.‘‘(Сарафов како водач на македонското востание не изгледал најдобро. Собрал пари за да купи оружје и заминал за Швајцарија, каде што парите ги проневерил и изгубил).
Секогаш  наивен претставникот на чешката ‘‘работничка‘‘ политика, меѓутоа и понатаму ентузијаст во плановите. ‘‘Македонскиот херој‘‘ е претставен на чешката јавност во оваа реторичка тирада:‘‘ Јан Климеш со пушка во рацетесе бори за македонскиот народ. Про словенската солидарност потврдена на дело!‘‘ Контрадикцијата помеѓу тлото ‘‘патриотските фрази‘‘ и фактите  се тука очигледни, така што морал сатирата и мистификацијата да ја остави. И затоа што го познавал Климеш многу доверливо.  Климеш  фактички бил просто моравско момче, кое во 1902 година било испратено во Софија како трговски застапник во кабинетска компанија. Случајно се запознал во една винарна со бугарско-македонските бунтовници. Зборовите не биле далеку од  дела. Ја напуштил фирмата и им се приклучил на востаниците. Во Прага лобирал за помош на словените кои страдаат и имал некои контакти со анархисти. Притоа предупреден дека полицијата се интересира за него тој исчезнал.- По некое време повторно се  појавил во Прага (за да му извадат дел од  граната, највероватно било заскитано во бубрегот) и се појавувал сериозно како херој и  ‘‘македонски војвода‘‘. Во кажувањата се користел со тврдењето ‘‘скромноста го  разубавува мажот, сепак вистинските мажи немора да се разубават‘‘. Неговите изјави се заситени со херојските дела, користи славјанофилска реторика, што била особено модерна кај младите чеси. ( Дипломатскиот неуспех на Чешката политика по затворањето на Австриско-Унгарскиот дуелизам  би бил еднаков со мрзеливоста и наивниот восхит за ‘‘словенската‘‘ Русија).  Климешовите достави за жестоките борби на Балканот, извиците на страв и заситени бои: ‘‘ Смртно ранените се виткаа во болката пред нашиот поглед...Ох, што се чувствувало тука срцето, каков гнев грмел во градите на секој нашинец!‘‘Последиците од битките се карактеризираа со  обложени дела,нарушувани со драматични паузи и повремен емпатичен врисок:‘‘Еве браќата крварат за затворените граници, а сестрите стојат без заштита со испружени раце кон небото.‘‘
Во Анархистичкара младост Климеш продолжил со друга серија на спомени која се нарекува борбата на планините Гете и Гарван. Овде недвослисленоста на основата е заменета со малку поконкретен опис на борбите. Тука главно мото и најчести изрази се зборовите: ‘‘Револт‘‘, ‘‘предавство‘‘ и ‘‘одмазда‘‘. Климеш се направил сам себе еден од водачите на востанието.
Интересно е тоа што Хашек никогаш отворено не бил задоволен од Климешовите кажувања. Во ‘‘Нова Младина‘‘ неговите  статии ги означувал како сериал. Според Антонин Боучка заедно ја издале првата тетратка под име ‘‘ Борбата на планините Гете и Гарван‘‘ и пробале таа да ја распродадат по гостилниците, но попусто. Што беше причината што Хашек во своето учество во македонската револуција сокрива хумористична мистификација? Зошто не ја разоткрил Климешовото поднесување отворено? Тешко е да се каже. Одлучувачки фактор претставува тензијата помеѓу фикцијата и реалните и реалната состојба на работите, што само по себе станува материјал за исмејување.
Климеш чиј израз е олицетворение на револуционерната основа и глорификација на ‘‘Бунт‘‘ и самиот бил херокомична фигура, која подлежела на потсмев. Во Партијата на умерен напредок Хашек ја зеде целата балканска авантура како историска мистификација. Зад големиот број на фрази и патетични предизвици лежи сиромашна реалност.
Балканската епизода им ги отворила очите на пофалните момчина: да ја разберат трагедијата на словенството. Каде едно племе е против друго племе, семејство е против семејство, брат е против брат, црква е против црква.  Во земја со села, каде што луѓето скромно и тешко доаѓаат до леб, не е почва за револуционен радикализам, без разлика колку тоа изгледа едноставно. Во луѓето има недоверба кон идејата, бидејќи не е докажана со многугодишно искуство. Тие ги инспирираат ладни незрели момчиња во литературните кафулиња. Особено кај балканските народи  историскиот скептицизам е изразен со повеќевековно искуство. Со текот на времето, биле убивани домашните благородници, а поединецот и нацијата живееле во тотална изолација. Поединецот бил секогаш странец,господин,војник,свештеник или научник. Во феудалните кругови владее лага и хипокризија. Поробувањето на човекот предизвика огромно горчливо разочарување и скептицизам.Животот го научи на недоверба и на она што тој го сметл било да е едноставно.
Народот затоа создаде сопствена, недоврлива врска со власта. Однадвор не дава отпор на благородништвото, изгледа послушно и глупаво. Но во своето срце тврдоглаво ја брани својата позиција и се обидува да го преживее угнетувањето. Во него се однесува како што сака, се потпира на традициите и искуствата. Неверува на ништо што доаѓа одозгора, бидејќи во тоа чувствуваат измама и проневера. Тој ‘‘нем‘‘ отпор  ги обожава очигледните нешта и вредностите на земјата, материјалните и животинските. Не се мешаат до благородничките идеали и  немаат разбирање за било каква идеологија.
Предноста на народниот отпор има еден важен аспект: е конкретен и вистински. Грубото присуство му е повеќе од возвишена основа и фраза за среќна иднина. Мерка на сите нешта сепак е присутното-херојско минато кое ги застапува луѓето во баладичката митологија. Се чини дека врз основа на својата мрежа на знаење Хашек почувствувал карактер и значајност на ова историско флегмату. Придонесло кон тоа и колапсот на анархистичкиот револт, кој долги години го следел, недоверба и скептицизам кон бомбастичните патриотски и револуционерни фрази, кои подоцнежната историска криза уште повеќе ја истакнале и зајакнале.
Балканската авантура постанала школа за критичко мислење во врска со масовното востание. Неговиот изглед повторно е длабок скептицизам и разочарување.  Се открил јазот помеѓу царството на револуционерни идеи и соништа и суровата реалност. Реторика на предизвици и фрази , одвоена од реалната ситуација на работите,е лажливо смешна,наивна,лоша. Фразата е сестра на лицемерието,моралното,социјалното и човечкото напишал подоцна Карел Чапек. Нејзината генерална улога е невистинита,лажна и заблудувачка. Често делува како лага поради тоа што се издава за фактот прашање.
Во контрадикторна земја, полна со измамници и политички авантуристи, со противречности помеѓу  радикални слогани и практични можности и претпоставките се  откриваат особено јасно. Конфузијата во главите на врело-крвните ‘‘револуционер‘‘ е јадрото за идното разочарување и скептицизам, која го гризе менталитетот на толпата и ја поткопува силата на народот. Заинтересираноста за промовирање на револуционерни идеи претставува ембрионска фаза на престојниот скептицизам. Средствата за оваа историска демистификација би можеле да бидат од гледиште на Хашковиот гурмански мит една хумористично-сатиричка измама.
Измамникот е заснован на конкретни, фактички облици на феномени кои се основа на пародија и абтоиронична хипербола. Затоа пребарува  популарно непознати суштества и фигури, кои ќе послужат за потсмев ‘‘утеха‘‘ која важи и како реална аномалија иа сопствена карикатура. Токму овие феномени и фигури му слушат одлично кон својата цел: да се биде ненамерно "смешен" и се откријат "настани" од внатрешноста, како и самиот себе.
Неискрената основа на Климешовата и Клофачовата реторика открива критика, скриена во методите на измамата (мистификацијата ). Тоа е имено ајефикасен вид на откровение.Имено рави карикатури на феномени и времето на нивното сопствено значење. Карактерот на Македонски херој за Хашек претставуваше карикатура на ‘‘револуционерната‘‘ основа и словенската мегаломанија.

No comments:

Post a Comment